Познатата македонска водителка Миа Костова на својот Фб профил сподели фотографија со својот син и упати моќна порака во борбата против Ковид-заразата.
Еве што напиша таа:
-Во овие моменти, пред да ни следува карантин од скоро 4 дена, апсолутно не е важно што мислите за мене, за комшијата што ве нервира или за братучетката со која што не зборувате три години. Сакам само онака најискрено да ја поддржам кампањата на министерството за здравство и најпаметно да изиграме сите ние како една глава и еден мозок за се ова да заврши побрзо од она што ни се предвидува. Следуваат празници, знам дека ќе пазарите и достоинствено ќе ги поминете дома. Она што никако не смеете да занемарите е ДИСТАНЦАТА од 2 МЕТРА. Ве молам, каде и да сте, што и да правите и да се соберете 4-5 луѓе во двор и да сте во маркет и да сте на преглед и да сте во пошта… одалечете се од луѓето околу вас, за сечие добро. Колку што седењето дома спасува животи толку и дистанцата им олеснува на болниците заради капацитетот а и може да спасите живот на некој кој е послаб од вас. 2 МЕТРИ. За сечие добро. – порача Миа.