Популарните пеjaчи од Балканот ќе настапат „дома“ за дочек на новата година. Наводно во Германија, Швајцарија и Австрија каде традиционално настапуваа не успеале да ја добијата планираната цена.
ЈК, Аца Лукас, Марија Шерифовиќ и Ацо Пејовиќ успеа да се договорат за хонорар од 30-40 илјади евра.
Џани, Сека Алексиќ и Ана Бекута ќе заработат за една ноќ по 25 илјади евра, додека Дара Буба Мара, Милица Павловиќ и Катерина Грујиќ по 15 илјади евра.
Менаџерите наведуваат дека „остаре“ генерацијата во странство која ги слушаше овие пеачи, изминатиов период пеачите работеа само сабота во странство, а порано 3-4 дена неделно. Сега нивните деца одат на диско забави.
Од тие причини за новогодишната ноќ се очекува Белград да биде центар на добрата забава годинава и се очекуваат гости од Балканските земји. За потсетување градот организира музичко шоу во центарот на градот со познатитет пеачи: Харис Џиновиќ, Бајага и Саша Ковачевиќ.