Ким Кардашијан и Каније Вест се фотографирани заедно во еден ресторан, што покренало гласини дека парот се смирил или дека целата приказна околу разводот била само маркетинг трик.
Со месеци се шпекулираше за крајот на нивниот брак, а во февруари оваа година парот потврдил дека се разведува.
Ким и Каније одлучиле дека разводот за нив е најдобра опција, бидејќи, како што тврдат, помеѓу нив постојат непомирливи разлики.
Имено, во меѓувреме почнале да се случуваат чудни ситуации, кои инаку поранешните сопружници не ги прават.
Ким го поддржала Каније на промоцијата на новиот албум „Донда“, шетала на сцената во венчаница, додека тој плачел и ја молел да му се врати. Се појавиле шпекулации дека нивното раскинување е маркетинг трик и навистина сега фановите почнуваат да веруваат дека тоа е така.
За тоа дека се во добри односи докажуваат и неодамнешните папарацо фотографии во познат ресторан во Малибу. Ким била во виолетова комбинација од глава до пети и кафена, кожна јакна.