Контроверзниот рапер и претседателски кандидат на изборите во САД, Канје Вест досега има создадено неколку успешни модни производи, а оствари и соработка со познати модни компании, како што се ГАП и Адидас во текот на поелсниве години.
Музичарот пред само 5 години должеше 53 милиони долари, но успеа да направи пресврт, па според најновите информации на „Форбс“, денес „тежи“ околу 1,3 милијарди долари.
А кога лани ги претстави своите „визионерски“ па тики за трчање поцена од 400 долари, на социјалните мрежи почнаа да го исмејуваат.
Тоа продолжи и кога со сопругата Ким Кардашијан ги претстави новите папучи (крогс), Yeezy 450, па на многумина на Твитер им падна на памет истата финта.
Инаку, папучите ќе чинат 65 долари.