Кејт Мидлтон, наводно по четврти пат е бремена и носи близнаци пишува таблоидот „Globe“. Меѓутоа, принцот Вилијам е многу загрижен поради тоа што војвотката од Кембриџ има проблеми со хиперемеза.
Станува збор за трајно, силно повраќање во текот на бременоста кое предизвикува дехидратација, а често доаѓа и до пореметување на електролитите, кетоза и слабеење.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам имаат ќерка Шарлот (4) и синови Џорџ (6) и Луис (1).