Познато е дека меѓу Јелена Карлеуша и Светлана Ражнатовиќ веќе со години се водат судски спорови. Иако до сега не се мешаше во тоа, ќерката на Цеца, Анастасија неодамна изјави дека нејзината мајка ја направила најдобрата работа со тоа што „не се спушта на нивото на Карлеуша“.
Но, Jелена не и остана должна за ова, па преку Инстаграм имаше јасна порака за младата Ражнатовиќ.
-Пресмешна девојко, ти како ќерка на убиец, крадец и воен злосторник Аркан и мајка-осуден криминалец позната по крадење на милионот за земунскиот клан полемизираш за мене?! Девојко дали си при свест?! Кога ќе помислиш на мене, стани и стој мирно! Оди сега, пеј си со таа харизма на умрен хрчак и генетика на ситен крадец и ромска гатачка и пшшшт! Пушти ја мајка ти да суд да си ги води валканите војни поради моите кривични пријави, напиша Јелена.