Кајли Џенер втора година по ред е најмладата милијардерка на светот

Форбс денеска ја објави годишната листа на милијардери, на која Кајли Џенер повторно, втора година по ред е број 1.

Таа на свои 22 години е најмлада милијардерка на планетата, благодарение на козметичкиот бренд “Kylie Cosmetics” кој ѝ донесе огромно богатство.

За потсетување, Џенер во март 2019 година го “украде” првото место на листата од основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој стана милијардер во 2008 година, на 23-годишна возраст.

Кајли во ноември 2019 година продаде 51% од својот козметички бренд на фирмата “Coty Inc.” за неверојатни 600 милиони долари.

Договорот кој бил заклучен во јануари 2020 година подразбира дека нејзиниот бизнис сега вреди 1,2 милијарда долари, а таа и понатаму самостојно поседува 49% од компанијата.

Инаку, Кајли е само една од 2.095 луѓе на светот кои имаат богатство од 10 цифри.
Kajli1За потсетување, на 30 ноември 2015 година беше пуштен во продажба “Kylie Lip Kits”, кармин и сет за усни по цена од 29 долари. Од 2016 година, компанијата го носи името “Kylie Cosmetics”.

Ова е целосниот список на милијардери зад Кајли, според години:

2. Александра Андресен (23), вредност – 1,2 милијарда долари

3. Катарина Андресен (24), вредност – 1,1 милијарда долари

4. Густав Магнар Вице (26), вредност – 2,6 милијарди долари

5. Елизабет Фуртвагер (28), вредност – 1,2 милијарда долари

6. Џонатан Квок (28), вредност – 2 милијарди долари

7. Џон Колисон (29), вредност – 3,2 милијарди долари

8. Иван Шпигел (29), вредност – 1,9 милијарда долари

9. Педро Де Годој Буено (29), вредност – 1,1 милијарда долари

10. Лиза Дрекслмајер (29), вредност – 1 милијарда долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e