Српската пејачка Јелена Костов вели дека само Бог ја спасил кога и се излеал силиконот во градите.
Еве што открива популарната пејачка за несреќата:
„Не отидов веднаш на лекар затоа што мислев дека тоа не може да ми се случи на мене. По ден-два градниот кош почна да ми отекува и добив температура. Кога пристигнав во болницата СРП-то кое покажува воспаление во организмот ми беше повисок од 100, а нормалната вредност е до 5. Лекарите ми соопштија дека сум го минала она најлошото!“ – изјавила Костов за српски Информер.
Јелена истакнува дека дури тогаш сфатила кои и се вистински пријатели.
„Некои блиски луѓе не ме ни побараа телефонски, додека оние вистинските пријатели беа тука за мене 24 часа на располагање. Од секоја ситуација човек мора да извлече поука. Јас, за жал тоа го направив на потешкиот начин.“ – додава пејачката и нагласува дека во целата ситуација најголема поддршка добивала од сопругот Милјан.