Голем број музички ѕвезди на балканските простори не можат да се пофалат со факултетска диплома, додека има и такви кои не се срамат јавно да признаат дека немаат завршено ниту средно образование.
Весна Змијанац нема завршено средно образование, но затоа има диплома од курс за дактилографка. Нејзината колешка Александра Пријовиќ заврши само трет степен од средно образование, а во една прилика вети дека кога тогаш ќе се потруди да земе диплома од комплетно средно образование.
Едита Арадиновиќ има само основно образование, а се отпишала од средното техничко училиште за дизајн на кожа бидејќи го изгубила интересот.
Најмногубројни се ѕвездите кои може да се пофалат со средно образование, а меѓу нив се вбројуваат Цеца која по струка е земјоделски техничар, Индира Радиќ која има завршено средно медицинско, Џеј Рамандановски кој има средно за автомеханичар, Халид Муслимовиќ кој има метално-стругарска струка.
Вера Матовиќ има завршено за учителка, а средно трговски имаат поп дивата Јелена Карлеуша, Драгана Мирковиќ и Мира Шкориќ, додека Сека Алексиќ е фризерка по занимање.
Нада Топчагиќ има средно кожарско, а Јелена Розга средно балетско и гимназија во Загреб.
Но, на српската естрада има и такви кои може да се пофалат со високо образование. Меѓу нив е Неда Украден која има две дипломи и тоа од правен и филолошки факултет, Здравко Чолиќ има завршено економски, Сузана Манчиќ правен исто како и Нада Обриќ, додека Драгољуб Ѓуриќиќ и Жика Миленковиќ имаат дипломи од Академијата на ликовни уметници.
Фото: Курир.рс