Извршители во домот на Аца Лукас, а еве и зошто

Поради наводниот долг што го има кон контроверзниот бизнисмен Дејан Петровиќ Тигар, на вратата на Аца Лукас тропнаа извршители, пренесуваат српските медиуми.

Популарниот фолк-пејач се огласи во медиумите по овој повод и објасни за што станува збор.

Пред пет-шест години зедов пари со камата од Дејан Поповиќ Тигар, тој на сите им е познат како лихвар. Зедов 40.000 евра, потпишав да му вратам 80.000 евра. Секој го знае тоа, не е тајна дека се коцкав, трошев пари и враќав. Потпишав и му вратив 80.000 евра за десет месеци. Бидејќи бевме во добри односи и се знаевме, не го зедов од него документот што го потпишав за долгот кога му ги вратив парите, заборавив. Ни на крај памет не ми беше дека ќе дојде до ова. По две-три години, кога ги ладевме односите поради друг случај и престанавме да се дружиме, тој го извади документот, ме тужеше и ме доби на суд, бидејќи има потпис“, објасни Лукас, додаде:

Човекот е естрадно магаре, сака да се дружи со естрадата и, кога престанав да се дружам со него, го активираше случајот. Ме тужеше за 80.000 евра, иако зедов 40.000. Требаше да го потпишам на 80.000 евра, бидејќи тој не смее законски да има на потврда дека ми дал пари со камата.“

Фолк-пејачот раскажа за медиумите дека постојат сведоци дека му го вратил долгот на „пријателот“.

Тој имаше лажен сведок на судењето, јас дури и добивав повици, во секој случај ги активираше тие извршители и сега ме малтретираат. Да го дадам она што го вратив. Се обидувам на сите законски начини да видам како можам да се извлечам од тоа, бидејќи нема да му го дадам она што веќе му го вратив. Постојат многубројни сведоци за тоа, но јас не ја зедов хартијата што ја потпишав, кога му ги вратив парите“, рече пејачот.

Сега ќе закажат ново извршување. Ако се случи тоа, ќе скокнам од тераса! Немам намера да враќам пари што не ги должам! Не се плашам од него или од неговите момци. Пред четири години, тој им даде 5.000 евра на мангупи од Земун да ме истепаат со безбол-палки. Но момците го зедоа депозитот од 2.500 евра и ми го донесоа, затоа што ме познаваат и не сакаа да го сторат тоа. Не се плашам од клошари и лажни криминалци, и слободно му порачувам дека не може да ми направи ништо. Не се плашам од него или од неговиот учител, и тој знае кој му е учител. Сега ќе поднесам кривична пријава затоа што тие се лихвари и затоа што уништија многу луѓе, тие не можат да ме уништат и нема да ме уништат“, заклучи Лукас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e