Ивајла Бакалова ја открива вистината за скандалот со Цеца во Велес: Ја познавам лично и знам зошто го направи тоа!

Ивајла Бакалова, поранешна Мис на Бугарија ја коментираше сцената од концертот на Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што фолк дивата се покри со бугарското знаме. Според неа, Цеца свесно го направила тоа.

За време на овој чин, публиката се налути, почна да ја исвиркува, па дури и мораше да го прекине нејзиниот настап. И сите се прашуваа дали е толку неинформирана што го помешала знамето на земјата во која пее, со тоа на соседната земја.

– Па, секако, ниту Цеца е толку глупава, ниту нејзиниот тим, ова денес во емисија го обjaснува Ивајла Бакалова, која вели дека лично ја познава Цеца и е речиси сигурна што ја предизвикало оваа ситуација.

„Ја познавам Цеца долго време. Пред неколку години организирав нејзин концерт на стадионот Васил Левски. Потоа таа остана тука пет дена со своите деца и имавме можност да се запознаеме. Цеца е прекрасна личност, многу е кул. Но убедена сум дека ова со нашето знаме е само смислен ПР трик. Таа секогаш се стреми да блесне и да се истакне, но секогаш е на врвот “, коментираше Бакалова.

Бакајлова додава дека е невозможно Цеца да не знае за сложените односи меѓу Бугарите и Македонците, и кога го држела бугарското знаме в рака, без да има лоши намери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e