И Анастасија Ражнатовиќ раскина со момчето по пет години врска, еве која е причината

Анастасија Ражнатовиќ и Ѓорѓе Куљиќ ја прекинаа нивната љубовна врска која траеше пет години.

Имено, ќерката на Цеца Ражнатовиќ и бизнисменот од Нови Сад ден по денот на вљубените одлучиле да стават точка на нивната врска.

Како што велат упатените, последните месеци тие двајца малку од времето го поминувале заедно, а тоа довело да се изгасат емоциите.

Причина за раскинувањето е одвоеноста, но и други разлики кои во овој момент не можеле да ги надминат.

– Тие раскинаа пријателски, без караници. Причината не е трета личност. Анастасија и Ѓорѓе ќе останат пријатели – стои во соопштението на нејзината пр-служба.

Како што пишува српскиот весник „Блиц“, Анастасија се отселила од заедничкиот стан, а дали ќе се врати во вилата на мајка и или некаде ќе живее сама, засега не е познато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e