Познатата турска актерка Меријем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем султан во серијата „Сулејман Величествениот“ откри дека е бремена и дека го очекува второто дете.
Во изјавата за турските медиуми, наведе дека е во петтиот месец од бременоста. Таа, сепак, не сакаше да открие кој е татко на детето. Воедно го откри и полот на детето. Хурем инаку е мајка на девојчето Лара, која има шест години.
„Бремена сум пет месеци. Доколку се биде во ред, во јануари ќе се роди девојче. Лара веќе подолго време посакуваше брат или сестра, пресреќна сум што таа желба наскоро ќе и се оствари. Но и јас сум среќна бидејќи ќе основам сопствено семејство“ – изјавила Хурем.
Меријем Узерли не го открила името на љубовниот партнер. Само навела дека е заљубена.
View this post on Instagram#littlewalk with my #biggestlove ❤️👭❤️ #freshair #love #momentsintime 💕
A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) on
„Некои работи би ги задржала за себе“ – изјави актерката.