Хит серијата „Пријатели“ ќе се снима во март

Специјалната епизода „Пријатели“ што многу фанови ја чекаа многу долго ќе се снима во март следната година, пишува Би-Би-Си.

Информацијата ја објави на Твитер членот на тимот Метју Пери, кој го игра ликот на Чендлер во серијата.

„Собирот на „Пријатели“ е закажан за почетокот на март. Се чини дека ни претстои тешка година“, напиша Пери.

Специјална епизода од серијата требаше да се снима во август годинава, но поради пандемијата на коронавирус, таа беше одложена за „помирен“ период.

Новата епизода ќе ја собере оригиналната екипа: Пери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e