Градоначалникот на Задар за Александра Пријовиќ: Против каква било забрана сум, но не би одел на таков концерт

По веста која ја пренесоа хрватските медиуми, дека градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ забранил концертот на српската пејачка Александра Пријовиќ да се одржи во Задар, градоначалникот се огласи со писмена изјава до „Задарски.хр“.

„Живееме во слободно општество каде што секој ја слуша музиката што ја сака. Јас сум против каква било забрана и ме чудат ваквите конструкции во одредени медиуми. Не сум вклучен во организирање концерти и не разбирам зошто се крена толкава галама.Спортскиот центар има своја администрација и ссопствена работна политика која самостојно одлучува за програмските и комерцијалните содржини, дури и за оние што мене лично не ми се допаѓаат. Лично, не сум љубител на таа музика и јас не би отишол на таков концерт и тоа е сè што имам да кажам за тоа“, изјавил тој.

Потсетуваме, за концертот на Александра Пријовиќ во Задар почна да се зборува на крајот на минатата година, откако пејачката закажа и наполни пет Арени во Загреб.

Како што пренесе „Индекс“, концертот требало да се одржи во мај во салата „Крешимир Ќосиќ“, но градоначалникот на Задар експресно одбил да ја пушти српската ѕвезда да пее во градот, па концертот не бил ниту закажан ниту најавен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e