Ѓоковиќ откри што сака да му пишува на надгробниот споменик

Најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, со солзи во очите зборуваше за смртта, наследството и животот по тенисот. Во разговор со британскиот новинар Пирс Морган, Ѓоковиќ изјави дека конечно ја сфатил суштината на човечката поврзаност и она што навистина има тежина во животот, јави Пирс Ансенсорд на платформата Икс.

Меѓу прашањата кои најмногу го погодија, Морган го замоли да замисли натпис на својот надгробен споменик. Новак, видно потресен, одговори:

– Би сакал да пишува: „Човек кој ги допре срцата на луѓето“. Сакам да плачам токму сега. Мислам дека сфатив што сакам да кажам на мојот надгробен споменик. Ви благодарам што ми помогнавте да дојдам до тоа разбирање – изјави Ѓоковиќ.

Понатаму, тој откри дека првпат во животот присуствувал на погреб, кога го испратил својот „тениски татко“, легендарниот Никола Пилиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e