Популарната Лила Филиповска деновиве ужива во Кападокија, каде што леташе со балон и им ги пренесе своите впечатоци на многубројните следбеници на Инстаграм.
-Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите. Изгрејсонце на кое според легендата играат самовилите во ‘Долината на љубовта’ нестварен поглед на чудото на природата и чувството дека лебдиш е причина ова доживување никогаш да не го заборавиш. Најбитни се временските услови. Најголем непријател е ветрот. Пред две години, со мојот другар Спасе не успеав да летам, ама овојпат ме посака среќата. Времето беше идеално како пролет и многумина како мене уживаа. Во моментов тука има 250 балони од 25 компании, а сѐ започнало со само еден балон на еден шведски брачен пар во 1991. Останатото е историја“, Лила објасни во описот на споделените фотографии и видеото од Кападокија.