Американскиот модел Бела Хадид, за кого дури и компјутерски пресметки тврдат дека е најубавата жена на светот, ги воодушеви обожавателите со новото провокативно издание.
Имено, популарната манекенка објави видео во кое позира во минијатурно тексас бикини, а по тој повод го истакна своето згодно тело.
На видеото, Бела скока и се смее, а до израз доаѓа нејзиното деколте, нејзиниот совршено рамен стомак, тесниот струк и колковите.
– Само што се разбудив. Заспана девојка на сонце – напишала во описот на видеото во кое собрала 2,1 милиони лајкови, како и безброј позитивни коментари.
„Ти си совршена“, „Вистинска принцеза“, „Бикинито ти е убаво, од каде го доби?“, „Енергијата ти е прекрасна, ја чувствувам од тука“, „Нанесете крема за сончање“, „Нема поубава девојка“ коментари под објавата.