Јелена Карлеуша секојдневно изненадува со многубројни провокативни фотографии на социјалните мрежи, но овој пат се реши да ги изненади фановите со фотографии од новогодишната бајка во нејзиниот дом.
Карлеуша навистина се потрудила домот во Дедиње да изгледа волшебно.
Елката е накитена со разни украси, мечиња, ирваси, снегулки и многубројни новогодишни нешта.
Имено новогодишната бајка во домот на Карлеуша ни потврдува дека таа освен што секој ден ги изненадува фановите со провокативни стајлинзи сега успеа да ги воодушеви и со новогодишните детали од својот дом.