Кристина Димитриевска направи сет фотографии на кои позира во божествен фустан во смарагдно зелена боја.
Нејзината креација, односно начин на позирање веднаш не потсети на славниот црн фустан со прорез за нозе со кој познатата холивудска актерка Анџелина Џоли се појави на Оскарите во 2012 година.
Но мораме да забележиме дека поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски во вакво издание изгледа многу подобро.
Ова не е прв пат таа да не воодушеви со своите фустани, но ова дефинитивно е едно од нејзините најдобри изданија.
Тоа дека на фановите и пријателите на Кристина им се допадна ова издание кажуваат и бројните срциња што таа ги доби во коментарите на сметка на својот изглед.
Грациозната зелена креација, со долги ракави и прорез на едната нога и стои феноменално на Кристина. Фустанот е со затворено деколте, така што нејзините нозе беа во преден план, а целото издание убавата манекенка дополнително го подигна со својата преубава шминка и фризура.