Српската турбо-фолк ѕвезда Јелена Карлеуша вчера со приватен авион пристигна во Охрид, а вечерта после неколку месечната пауза имаше настап во еден од охридските барови.
Карлеуша на својот Инстаграм профил сподели видео од пристигнувањето на аеродромот во Охрид, а за возврат многумина и посакаа добредојде.
Карлеуша настапи во провокативен црно бел зебраст фустан, а од нејзиниот настап фановите беа воодушевени.
View this post on Instagram🦓🦓🦓 #karleusastar #karleusa #jelenakarleusa
A post shared by Jelena Karleuša | STATISTICS 📈 (@jelenakarleusastatistics) on
Српската дива денес со приватниот авион си замина во Белград. Таа за време на летот сподели фотографии на кои се гледа дека таа седи на копилотското место од авионот и управува со него.