Цеца и Анастасија ги криеја очите со наочарите, но тагата не можеа да ја сокријат.
Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, непосредно пред 11 часот, дојде во Ново гробље, каде со семејството одадоа помен на починатиот Аркан.
Поминаа 19 години од убиството на српскиот командант, а на помен дојдоа Цеца, Анастасија и Вељко, сестрата на Цеца, Лидија со сопругот, родителите на Цеца, вереницата на Вељко, Богдана Родиќ, неколку пријатели и членови на поранешната српска доброволна гарда.
Потсетуваме, Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година, во тогашниот хотел „Интерконтинентал“(денешно “Crowne Plaza”).
Извор: 1ТВ