Германската инфлуенсерка Јоси Марија починала поради срцева слабост за време на одмор со пријателите на островот Гран Канарија.
Јоси со години се борела со анорексија, а починала во рацете на нејзината пријателка, само неколку дена откако ѝ признала дека се плаши од смртта, пренесува „The Sun“.
„Не сакам да бидам една од оние кои умираат од анорексија. Анорексијата не се однесува само на физичкот изглед, таа е во главата. Не се работи секогаш само за тоа дека сакате да бидете слаби, тука има многу повеќе: изведба, потврда, самоконтрола“, напишала таа на Инстаграм профилот.
Многу нејзини фанови и пријатели пишуваат проштални пораки на профилот на Јоси, на кој има 141 илјада следбеници.
„Срцето ме боли. Еден ден претходно ја држев во раце. Драга Јоси, бевме на шопинг и се радувавме за Божиќ и за твојот одмор. Следната ноќ мирно заспа во рацете на твојата пријателка. Твоето мало срце само престана да чука“, напишала нејзината мајка.