Популарниот пејач Жељко Самарџиќ (64) го смени својот имиџ и на прв поглед малкумина го препознаа.
Пејачот ги воодушеви сите со својот изглед.
Иако сите беа изненадени кога ја пушти брадата и мустаќите, сепак тој не сакаше да ја смени својата одлука заради мислењата на другите. Сега, кога многумина беа навикнати на неговиот уникатен изглед, пејачот одлучи дека е време за промена.
Самарџиќ ја избричи брадата и мустаќите и сега изгледа како Жељко од пред неколку години.
На својот Инстаграм профил, Жељко Самарџиќ сподели фотографија со која го открива својот нов имиџ.