Фитнес тренер тврди дека за 24 часа изгубил 1.000 следбеници на Инстаграм зашто објавил фотографија од својата венчавка.
30-годишниот Алекс Крокфорд од Лондон минатата недела се ожени со долгогодишната девојка Сара, но тоа не им се допадна неговите следбенички.
-Се надевам дека ќе останем пријатели, се пошегува Алекс за Дејли Мејл и додаде дека очекува оти такво нешто ќе се случи.
Вели му е жал што неговата среќа ги вознемирува другите.