Меј Маск денес е еден од најстарите модели на модната сцена, но и во 71-та година од животот воодушевува со својот изглед и често се наоѓа на насловните страни на најпрестижните магазини.
Денес, 71-годишната Меј Маск, манекенка, нутриционистка и мајка на милијардерот Илон Маск, живее живот каков што отсекогаш посакувала, но патот кој го поминала за да дојде каде што е не бил лесен ниту едноставен.
Таа пребродила бројни животни несреќи, злоставување, тежок развод и успешно одгледала 3 деца. Меѓу своите најголеми успеси (а навистина ги има многу), го вбројува и фактот дека во 2017 година стана најстаро заштитно лице во историјата на една козметичка куќа.
“Не можете да контролирате сè што се случува, но можете да создадете живот каков што сакате во било кои години. Потребно е само да направите план”, порачува Меј.
Она на кое многу жени ѝ завидуваат е нејзиниот одличен изглед. Иако е во осмата деценија од животот, Меј има тело како на 30-годишна жена, а еве според кои правила се води во животот:
Направете распоред
“Јадете кога сте гладни, но не чекајте премногу да огладнете бидејќи со тоа ќе го спречите прејадувањето. Јас обично веќе огладнувам околу пладне, па затоа тогаш јадам половина од ручекот”.
Јадете го само она што го сакате
“Доколку не ви се допаѓа вкусот, не јадете го тоа без оглед колку е здраво. Поентата е да уживате во храната, но умерено”.
Дозволете си да се опуштите одвреме-навреме
“Мојот син отвори ресторан и знаев дека на тоа отворање ќе јадам повеќе од вообичаено, но затоа следниот ден ги намалив сите оброци на половина. Балансот е важен”.
Радувајте му се на животот
“Не се исцрпувајте со тренинзи и не јадете го она во кое не уживате. Сè во животот треба да биде умерено. Кога го јадете она што го сакате, тогаш сте расположени, а доброто чувство се гледа и на лицето и на телото. Само задоволната жена може добро да изгледа”.