Поп ѕвездата Јелена Карлеуша доби специјален и оригинален подарок за Меѓународниот ден на жената.
Јелена прво сними букети рози, а потоа се пофали со една посебна роза, златна.
Карлеуша доби златна роза во чаша, а судејќи по нејзината реакција, на пејачката и се допадна подарокот што го доби за Денот на жената.
„Леле каков подарок“, „Изгледа прекрасно“, „За посебна дама и посебна роза“, „Воодушевена сум“, „Каков знак на внимание“, се дел од коментарите.
Јелена не открива од кога ја добила златната роза, а многумина шпекулираат дека е од нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.