Денеска во домот на македонската актерка Весна Бебјби Петрушевска има голема причина за славење, а тоа е роденденот на нејзината ќерка Мина.
Мина полни 16 години, а Весна на својот Фејсбук профил објави фотографија од неа и напиша емотивна честитка.
„Мина денес полни 16 години, таа е најубавото нешто што ми се случило во животот,мојот најголем херој, борец и бескрајно топол човек.Неверојатно колку има насмевка на сите премрежја што ги минува.Таа е љубов и суштина.Таа е копнеж и светлина.Таа е небото по кое јас стапнувам.Таа е живот во животот.Мина среќен маме, ти си ангел“, напиша Бејби.