Познатиот пејач Маријан Стојаноски вчера и официјално се ожени. За убавата вест тој се пофали на социјалните мрежи каде што објави неколку фотографии од венчавката.
Согласно ситуацијата во која сме, пејачот ги запази сите протоколи, па носејќи маска застана да се фотографира до својата бремена сопруга.
Сопругата на Маријан е Наташа Каранџулоска која е инаку од Охрид, тие се верија минатата година но поради ситуацијата која настана плановите за свадба се променија, па денеска остана само нивната венчавка со стандард регистрација.