Гeоргина Родригез, убавата свршеница на славниот Кристијано Роналдо, сите ја знаат, но дали знаевте дека таа има сестра?
Ивана Родригез е четири години постара од нејзината славна сестра, а на Инстаграм ја следат 270.000 луѓе (вклучувајќи го и Роналдо).
За разлика од Георгина, која тешко може да се види во издание кое не е гламурозно, судејќи според фотографиите, Ивана сака да експериментира со различни стилови, па затоа често ја менува фризурата и бојата на косата.