Тилан Блондо се прослави уште како девојче, кога всушност заплови во водите на моделингот, а нејзината популарност кулминираше пред 10 години кога медиумите ја прогласија за најубаво девојче на светот.
Сепак, времето лета и Тилан повеќе не е девојче – во април ќе наполни 20 години, а уште сега живее луксузен живот и е далеку од просечните девојки на нејзини години.
Нејзиното вистинско име е Тилен Лена Рос Блондо, но во светот на модата сите ја знаат како Тилен Бондо. Родена е на 5 април 2001 година. Ќерка е на фудбалерот Патрик Блондо и Вероника Лубри, француска актерка и ТВ водителка, а во родниот Париз ја споредуваат со легендарната Бриџит Бардо која на 15 години се појави во магазинот „El“.
Кариерата ја започнала на само 4 години кога за првпат се појави на ревијата на Жал Пол Готије, а првата насловна страница ја имаше на само шест години. Откако се прослави планетарно, започна и сопствена модна линија, па денес ужива во плодовите на својот успех и заработените 4,3 милиони долари.