Македонската водителка и трендсетерка Миа Костова редовно ги радува своите следбеници на иНстаграм со урбани фотки.
Несомнено, дека Миа има префинет вкус кога станува збор за облека, но и воопшто нејзиниот животен стил е со „истенчена нота на вкус“.
Најново од русокосата водителка е предлогот за оригинални букети кои никого нема да остават рамнодушни.
Имено Миа на својот Инстаграм профил рекламира нова колекција на букети.
„Мене ми е време за нови нешта. Нови колекции и нови букети. Животот е чиста петка ако знаеш како и со кого. Јас сигурно знам.“ – порачува таа, а ние само ќе дополниме дека Миа одлично знае како да ги презентира овие тендовски букети.