Теодора Џехверовиќ често истакнува колку ги сака тетоважите. Досега неколку пати го „наслика“ своето тело, а сега покажа ново.
Пејачката се одлучила за едно од најболните места на телото наменето за тетоважи, а тоа е пределот околу ребрата.
Откако заврши со тетовирањето, таа сподели фотографија со следбениците на Инстаграм на кои им откри колку е болен тој процес, а она што не сака да го открие сè уште е неговото значење.
– Не боли! Генерално, го сакам тоа чувство додека се тетовирам, па можеби јас не сум некој што треба да ви кажам дали боли или не! Во една прилика ќе ви кажам како ја гледам и зошто – напиша Џехверовиќ.
Она што е очигледно е дека на сликата од тетоважата се гледа завиткана девојка со крилја, па многумина пејачката ја поистоветуваат со девојката на сликата.