Фолк пејачката Татијана Стефановска секое лето радува фановите со своите фотосесии па така и ова лето реши да ги изненади своите обожаватели.
Татијана Стефановска во последно време постојано прави бројни трансформации. Иако живее во Охрид, кога доаѓа на свој терен во Битола, пејчката доминира во спој со професионалните стилисти од студиото „Belleza“ кои комплетно и направија ултра впечатлива промена.
На последната фотосесија таа позира во боди, но со боја на кожа, што на прв поглед остава впечаток дека таа е потполно гола.
Претходно таа ја обои косата во платинесто руса нијанса, а откако ја објави промената на профилите на социјалните мрежи, лајковите и ласкавите коментари не престанаа да се редат.