Тамара и нејзиниот сопруг Александар Димитриевски имаа причина за славење во последните неколку денови. Имено денес тие го прославија неговиот 40-ти роденден, а само пред неколку дена во познат ресторан во Гевгелија го прославија и 35-от роденден на Тамара.
Прославата ја направија заедно со малите Хана и Дарен кои им помогнаа во дувањето на свеќичките.
„Среќен роденден злато“, напиша Тамара во описот на семејната фотографија од прославата.
Инаку, и Тамара Тодевска пред само неколку дена го прослави 35-тиот роденден во ресторан во Гевгелија. На нејзиниот роденден беше и Игор Џамбазов со својата нова љубов Илина Арсова, како и ракометарот и нивниот кум, Дејан Манасков.