Светот едноставно застана. Застанавме и ти и јас и сите , порача познатата македонска водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска. .
-Имам чувство дека оваа планета буквално не затвори во нашите домови да си размислиме добро што и направивме. Можеби токму тоа и ни требше, да застанеме со се што правевме (погрешно) и да се смириме, да се ресетираме, да слушаме и да научиме.
Целата оваа #corona ситуација ме натера да ги ценам многу повеќе секојдневните обврски кои ми беа баш СЕКОЈДНЕВНИ и не им придавав посебно значење. Прашај ме сега дали ме мрзи да идам да трчам на кеј и дали сакам да си седнам сама со себе на ручек или кафе во моите омилени места? 🙂
Со душа чекам да се вратиме на нашиот НОРМАЛЕН живот. Да уживаме во природата, во насмевките на луѓето,ми фали да се разминам на улица со некој,било кој,сеедно и добијам блага насмевка кога ќе ни се спојат погледите. Ми фалат обичните повици за кафе од блиските. Деновите кога постојано нешто сликавме. Посебно ми фали да си бидам дома со моите и мама постојано нешто да готви. Ми фали да ги гушнам сите.
На крајот од денот имам чувство дека ова е нов почеток, а почетоците се секогаш полни со надеж. Толку многу убави работи ни доаѓаат. Ќе го победиме ова,знам. Знам дека и ти го знаеш тоа. Ќе издржиме,нели? #седидома, те молам