Mакедонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска веќе неколку дена ужива во прекрасниот Охрид.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија покрај водите на Охридското езеро и во неколку реченици опиша дека таа всушност е лик кој едноставно сака да гледа успешни жени.
„Да бидам околу нив, да ги поддржувам.
Преку глава ми е вашата љубомора. Толку сум инспирирана и мотивирана кога ќе видам самоуверена жена која си ја гледа својата работа !
Ако можела таа да пројде преку трња и стигнала да рози, можам и јас.
Победата на една жена е победа за секоја од нас. Се може да направиме ако се држиме ЗАЕДНО не знам колку ќе ме сфатите….“, посочи Спенџарска.
