(ВИДЕО) Спенџарска: Книгите кои ми го променија животот

Во ова видео се обидов да ги издвојам книгите кои извршија најголемо влијание врз мене и ги поттикнаа најубавите позитивни промени кои ми се случија последните неколку години, истакна Јелена Спенџарска.

„Долго време се чувствував заробена во сопственото тело. Имаше моменти кога се околу мене беше совршено, сите беа среќни и исполнети, уживав популарност во фамилијата, меѓу најблиските, во јавноста, но во самата себе бев многу несредена.Во мене имаше богат внатрешен свет кој не го разбирав. Тој беше во голема неусогласеност со надворешниот свет но тоа цело време го држев во тајност. Имаше и моменти кога постојано се прашував зошто мојот живот е таков каков што е, а не таков каков што си го замислував? Зошто е потребно толку многу време да се сменат работите? Зошто морам толку многу напорно да работам и да вложувам во нешто за на крај повторно да не испадне како што треба? Дали јас навистина живеам или само ми минуваат деновите ?

Се до моментот кога еден ден доживеав тотално емотивно кршење и разочарување од личности за кои мислев дека ми се вистински пријатели. Се чувствував како да е крајот на светот и немав енергија ни да се поместам од едно место до друго. Во целата таа болка, решив дека сакам да откријам зошто баш мене ми се случуваат овие работи и како? Не сакав да се задоволам со туѓите мислења дека- животот е таков, како ти е пишано-така ќе биде, мора да се издржи и слично. Сакав одговори и почнав да ги барам .Нешто во мене се разбуди и знаев дека е време за големи промени. Бев подготвена за тоа.

Да ја скратам приказната- се што ми требаше да застанам цврсто на нозе- го пронајдов во овие книги. Се што поминав во животот и добро и лошо- СЕ сама си го создадов оти ми било потребно да бидам она што сум денес. А, денес сум многу позитивен човек оти така сама одлучив. Фокусирана сум само на убави работи, сакам живот полн со радост, сакам да сум здрава…уживам во секој свој ден и премногу си го сакам својот живот!“, вели Спенџарска. 🤗❤️

Наслови на книгите:

1. Барај и ќе добиеш- Абрахам Хикс
2. Законот на привлекување- Абрахам Хикс
3. Разговори со Бог- Нил Доналд Волш
4.Моќта на сегашниот миг- Екарт Тол
5.Будење на свеста- Радован Витошевиќ, Катерина Ангеловска
6.Што (не) е љубов- Ана Бучевиќ

View this post on Instagram

Во ова видео се обидов да ги издвојам книгите кои извршија најголемо влијание врз мене и ги поттикнаа најубавите позитивни промени кои ми се случија последните неколку години. Долго време се чувствував заробена во сопственото тело. Имаше моменти кога се околу мене беше совршено, сите беа среќни и исполнети, уживав популарност во фамилијата, меѓу најблиските, во јавноста, но во самата себе бев многу несредена.Во мене имаше богат внатрешен свет кој не го разбирав. Тој беше во голема неусогласеност со надворешниот свет но тоа цело време го држев во тајност. Имаше и моменти кога постојано се прашував зошто мојот живот е таков каков што е, а не таков каков што си го замислував? Зошто е потребно толку многу време да се сменат работите? Зошто морам толку многу напорно да работам и да вложувам во нешто за на крај повторно да не испадне како што треба? Дали јас навистина живеам или само ми минуваат деновите ? Се до моментот кога еден ден доживеав тотално емотивно кршење и разочарување од личности за кои мислев дека ми се вистински пријатели. Се чувствував како да е крајот на светот и немав енергија ни да се поместам од едно место до друго. Во целата таа болка, решив дека сакам да откријам зошто баш мене ми се случуваат овие работи и како? Не сакав да се задоволам со туѓите мислења дека- животот е таков, како ти е пишано-така ќе биде, мора да се издржи и слично. Сакав одговори и почнав да ги барам .Нешто во мене се разбуди и знаев дека е време за големи промени. Бев подготвена за тоа. Да ја скратам приказната- се што ми требаше да застанам цврсто на нозе- го пронајдов во овие книги. Се што поминав во животот и добро и лошо- СЕ сама си го создадов оти ми било потребно да бидам она што сум денес. А, денес сум многу позитивен човек оти така сама одлучив. Фокусирана сум само на убави работи, сакам живот полн со радост, сакам да сум здрава…уживам во секој свој ден и премногу си го сакам својот живот! 🤗❤️ Наслови на книгите: 1. Барај и ќе добиеш- Абрахам Хикс 2. Законот на привлекување- Абрахам Хикс 3. Разговори со Бог- Нил Доналд Волш 4.Моќта на сегашниот миг- Екарт Тол 5.Будење на свеста- Радован Витошевиќ, Катерина Ангеловска 6.Што (не) е љубов- Ана Бучевиќ

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska) on

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e