(ФОТО) Сирена со длабоко деколте: Ирина Шајк фасцинира во фустан креиран пред 25 години

Иако досега имавме можност да ја гледаме во различни комбинации, со фустанот што го носеше по повод отворањето на изложбата „Thierry Mugler: Couturissime“ нѐ остави без зборови, а многумина се согласуваат дека 35-годишната манекенка изгледа навистина беспрекорно.

Кројот на тесниот фустан со исклучително длабоко деколте наликува на опашка од сирена.

Целосно покриен со светки во комбинација од црна, сребрена, кафена, зелена, златна и сина боја, фустанот малку нѐ препушта на имагинацијата.

Креацијата на Тјери Муглер е стара скоро 25 години и припаѓа на колекцијата кутур од 1997 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e