Манекенката Кристина Димитријевска важи за една од најзгодните дами во земјава, а тоа постојано го покажува и со своите пикантни фотографии.
Но мораме да признаеме дека и кога е облечена и закопчана од глава до пети, без разлика дали е во прашање кежуал издание за прошетка низ градот или нешто поелегантно наменето за пред камерите, Кристина многу добро знае како да си поигра со фантазијата на машкиот дел од публиката.
Поранешната сопруга на Кајмакоски одлучи да носи тесен асиметричен фустан кој целосно ја следи линијата на нејзиното тело, а делува како да е сошиен специјално за неа.