Кога зборуваме за згодни политичари, до неодамна Џастин Трудо важеше за најголем миленик кај жените.
Сепак, канадскиот премиер доби „опасна конкуренција“ во оваа категорија – шпанскиот премиер Педро Санчез претставува сè она што припадничките на понежниот пол бараат во изгледот на еден маж.
Црн, висок 190 центиметри, маркантен, со по некое седо влакно и заводлив поглед, Санчез веднаш ги освои срцата на жените ширум светот и ја доби титулата на еден од најшармантните политичари.
Педро Санчез има 48 години, а политичката кариера ја започнал во 2004 година како застапник на градскиот совет во Мадрид. Во јуни 2018 година е избран за премиер на Шпанија додека пред тоа ја извршувал функцијата на генерален секретар на шпанската Социјалистичка работничка партија.
Оженет е со Марија Бегоња Гомез Фернандез со која во 14-годишниот брак добил 2 ќерки. Познато е дека тој е голем љубител на спортот, а фит изгледот го одржува со трчање. Зборува 2 странски јазици, англиски и француски. Санчез е првиот премиер на Шпанија со одлично познавање на англискиот јазик и е деклариран атеист, што за оваа земја е прилично ретко.