Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (49) не престанува да ги изненадува фановите. Таа со најновата објава на социјалните мрежи ги стави обожавателите во шок.
Северина објави провокативна фотографија на која заводливо позира, облечена само во високи потпетици и светкава маичка која ја соблекла на половина и ја кренала над задникот и на тој начин ја истакнала својата фигура.
„Вовед во анатомија“, напиша Северина покрај фотографијата.
„Севе, и мртвите ќе ги оживеаш “, „Балканот нека гори“ „Како виното, со текот на годините, сѐ подобро и повкусно, така и Северина“, ја пофалија фановите во коментарите, и додадоа дека Северина изгледа многу добро за своите години.