Познатата американско-мексиканска актерка Селма Хајек (54) е една од најубавите жени во светот, па дури и во шестата деценија ве остава без здив со својот изглед.
Имено, sвездата на филмот „Десперадо“ објави нова фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, каде го покажа своето заносно тело, а во преден план ги стави бујните природни облини.
Таа беше фотографирана во црн едноделен костим за капење и покажа никогаш побујно деколте, додека освежување бараше во базенот.
Селма лебдеше на вода во костим за капење со реси, и сите ја забележаа нејзината совршена фигура – бујни гради, тесен струк и подигнат задник, на што би и позавиделе двојно помлади жени.
Таа собра повеќе од 814.000 лајкови на објавата, додека 17,2 милиони следбеници ја следеа на социјалната мрежа Инстаграм, проследени со скоро 4.000 коментари под објавата.
„Сигурен сум дека нема да потонеш со тие лубеници“, „Прекрасна си, горда си, убава жена со млад дух“, „Убава како и секогаш“, „Каква линија на телото“, беа само некои од коментарите.