(ФОТО) Се вакцинираше најзгодниот политичар во регионот – Хрватскиот министер ги покажа мускулите

Хрватскиот министер за финансии Здравко Мариќ (43) го привлече вниманието на домашната јавност, откако вчера се појави на вакцинација против коронавирус во тесна бела маичка која ги истакна неговите мускули.

Но, фотографијата од неговото вакцинирање почна да се шири на Балканот, па дури и низ светот. На „Редит“ таа има повеќе од 850 коментари, од кои некои се доста интересни, а има и повеќе од 19.000 реакции.

„Капетан Хрватска?“,„Прашајте го како да остварите капитална добивка“, „Со ова оружје би можел да биде и министер за одбрана“, „Идеално машко тело “, „Ќе си ја зачувам оваа фотографија “,„Министер за добри мускули “,„ Би сакал нашата економија да личи на неговите мускули “, се само дел од коментирите на Хрватите и Хрватките.

„Можеме ли да ви дадеме некој наш и да го добиеме за возврат?“, праша корисник на Редит од Грција. Една жена од Португалија се пожали дека тие никогаш немаат такви министри. Фотографијата има и низа други коментари, вклучително и многу во кои корисниците на „Редит“ се шегуваа дека ќе се преселат во Хрватска само поради Мариќ.

Како и да неговата фотографија испадна добра реклама за Хрватска, но и вакцинацијата.

„Патем, министерот ги засени сите други членови на владата при вакцинирањето, а имаше и подготвен одговор на прашањата дали правел склекови наутро.

„Ова не го направив утрово“, им одговорил Мариќ на новинарите со насмевка и додал „најважно за мене е што побрзо да се коригираат броевите, па да им се вратиме на спортските арени што е можно побрзо“.

zdravko

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e