(ФОТО) Сара Мејс „влегува“ во серијата „Преспав“

Пејачката Сара Мејс беше гостинка во една епизода на „Преспав“, каде одлично се снајде во улога на Бугарката Глорија, односно сестрата на поранешната газдарица на пансионот, Преслава.

И Глорија како и сестра ѝ дојде да наметнува европски стандарди во пансионот со две ѕвезди.

Сара одлично се снајде во улогата на Глорија, а на Инстаграм сподели неколку фотографии од снимањето на епизодата, па доби еден куп пофални зборови.

Сара Мејс заврши музичка академија во Бугарија, па оттука и добриот бугарски јазик со кој одлично се снајде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e