Познатата холивудска актерка Деми Мур се појави на модна ревија во Париз, поради што повторно беше предмет на негативни коментари.
Имено, полемиката започна за нејзиното лице кое во споредба со она од 1990-тите изгледа навистина непрепознатливо, но не поради годините, туку поради естетските корекции.
Сакајќи да остане млада, Деми правеше многу процедури кои и го искривија лицето. Како што пишуваат медиумите, таа правела очни капаци и јаболчници, а редовно вбризгува ботокс и филери.
Иако не коментираше за естетските корекции, се претпоставува дека нејзиното лице изгледа поинаку, а сè потешко е да ја препознаете бидејќи се предозирала со филери и ботокс.
Сепак, без разлика на лицето, Деми на ревијата во Париз блесна во црн костум-комбинезон со длабоко деколте, а овој бизнис-секси аутфит го надополни со сини кожнени ракавици и медалјон во истата нијанса.