Популарната американска пејачка и актерка Деми Ловато и актерот Макс Ерик се верија по 5 месеци врска. Музичката ѕвезда сподели фотографии од моментот на романтичното запросување на плажа и го покажа големиот блескав прстен.
– Кога бев мало девојче, татко ми секогаш ме нарекуваше негов мал партнер – нешто што можеби звучеше чудно без неговиот јужен ‘каубојски’ акцент. Но, за мене тоа имаше совршена смисла. И денеска тој збор повторно има совршена смисла, но денеска официјално ќе му бидам партнерка на некој друг – Макс Ерих. Знаев дека те сакав од моментот кога те запознав. Тоа беше нешто што не можам да му го опишам на некој што не го искусил. Никогаш не сум се чувствувала толку безусловно сакано од некој во мојот живот, освен моите родители. Никогаш не ме притискаш да бидам ништо друго освен јас.
И ме тераш да сакам да бидам најдобрата верзија од себе. Чест ми е што ја прифаќам твојата покана за брак. Те сакам повеќе отколку што може да се искаже во некој наслов, едвај чекам да започнам семејство и живот со тебе. Ќе те сакам засекогаш, напиша Деми во описот на фотографиите кои ги сподели со обожавателите.