Рита Ора, британската пејачка со потекло од Косово, беше фотографирана како ужива гола на плажа на Ибица.
Ова е една во низата дестинации што пејачката ги посетила во текот на летото, уживајќи на одмор со своето момче Ромејн Гаврас.
Рита без двоумење ужива во друштвото на своето момче и пријателите без горниот дел од костимот за капење, а американските медиуми наведуваат дека попладнето го поминала опуштено бањајќи се и сончајќи се.
Таа исто така беше на Ибица со нејзината пријателка Кејт Мос, а неодамна ја смени дестинацијата, па моментално е на Капри во Италија.