Рита Ора карантинот во Велика Британија го поминува во бикини.
Пејачката на Инстаграм сподели серија секси фотографии на кои е облечена во костим за капење со зеленикава нијанса.
Пред камерата заводливо заиграла, а нејзините фанови со воодушевување ги гледаат фотографиите и ѝ пишуваат позитивни коментари.
Нејзинта сестра Елена исто така ѝ коментирала, но само со емотикони од оган, додека музичарот Дипло заклучил дека срцата биле подобар коментар.
Пејачката веќе некое време е во рурална средина, а иако на селаните на почетокот не им било драго што дошла, со текот на времето се помириле со нејзиното присуство.