(ФОТО) Ребел Вилсон ослабе и ја покажа својата неверојатна трансформација

Ребел Вилсон беше позната како холивудска ‘буцка’, а сега драстично ослабнала.

„Ја постигнав посакуваната тежина еден месец порано од што се надевав. Иако воопшто не беше поентата во бројката на вагата, туку во здравјето, ми требаше некоја цел која морав да си ја зададам“, рекла Ребел.

Актерката за 3 часа собрала повеќе од 60.000 лајкови на фотографиите.

Таа доби многу позитивни и охрабрувачки коментари за нејзината упорност, а за нејзиниот нов изглед заслужен е личниот тренер Џоно Кастано, како и промената на исхраната.

Во неодамнешно интервју, Вилсон зборуваше за еден еден вид позитивна дискриминација со која се соочува, раскажувајќи како режисерите ја сакаат со вишок килограми и дека често добива улоги токму поради нејзиниот изглед. Дури имала и улоги за дополнително да се здебели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e